На 21.01.2018 г., во првата недела по Богојавление, Неделата на Закхеј, кога го празнуваме споменот на Свети Григориј, епископ Охридски; Светите маченици Јулијан и Василиса; Преподобен Георгиј Хозевит; Света Домника; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Св. Петка, во Прилеп.
На Литургијата, во протоерејски чин беше ракопроизведен јерејот Љупчо Петрески.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.