На 04.02.2018 г., во Втората подготвителна недела за Великиот пост, Неделата на блудниот син, кога го празнуваме споменот на Собор на руските новомаченици и исповедници; Светиот апостол Тимотеј; Преподобниот маченик Анастасиј; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Пресвета Богородица, во Битола.
После Утрената богослужба, во чин чтец беше ракопроизведен Гоце Наумовски.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Кондак, глас 3
Од Твојата татковска слава се оддалечив безумно,на зло го потрошив богатството што ми го предаде.Затоа како блудниот (син) Ти се обраќам: Згрешивпред Тебе, Оче Штедар, мене покајникот прими ме и,како еден од Твоите наемници, направи ме.