Рутината – e вечна, семоќна и сепобедлива сила што ги предизвикува патолозите да се шегуваат над човечките тела. Рутината – е епско „свикнување“ кое е вистинското зло и како црв јаде сè што е убаво, светло и значајно на овој свет. Со други зборови свикнување, острастување, душевно гоење, движење по инерција. Еден светец рекол дека оној кој се движи по рутинскиот поток т.е. по инерција, чии сетила се отрпнати, кој престанал да си поставува прашања, порано или подоцна, неизбежно ќе потоне.
Ѓаволот знае дека луѓето прават, па дури и сакаат да се навикнат (да отрпнат). Сакаат да привикнат. Луѓето се навикнаа и се приспособија со нацизмот, комунизмот, девалвацијата, скандалот и упростувањето и перењето на душата и разумот од моралните и етичките вредности. Општо земено, се навикнуваат на тоа, и овој повик од бездната е како невидлива притаена сила која доведува до мирен но смртен удар во нашите души. Сакаш да повредиш некого? Не му нанесувај зло, натерај го да свикне со него – со евтиното, грдото.
Има три видови на однесување кои го замрсуваат и го потопуваат божественото во човечкиот облик – предавството, неблагодарноста и лошото воспитување.
Денес нема срам. Денес пораснавме, се навикнуваме на тоа. Добивме рутина која е како духовна лој. А се залои ли сознанието и свеста, тогаш душата е изгубена затоа што рутината е последната шајка во ковчегот на (бого)човечкиот облик.
Така антихристот ќе не победи во последните времиња. Не со оган или со меч, не со насилство и суровост. Ќе ја пушти својата рака длабоко во нашите души и ќе го извади најопасното оружје – нашата рутина, нашите навики, навикнувањето на сè и привикнувањето кон сè и тоа оружје ќе го искористи против самите себе.
Затоа Господ Исус Христос дојде во тело, да се бори, но не за нашите тела, за нашата минлива и замислена „среќа“, туку за нашите души, за нашата будност. Тие се Божјиот здив, а каде што е Божјиот здив постои живот кој го уништува калапот на рутината и не дозволува од неа како плевел да изникнат делата на антихристот.
Извор: https://www.pravoslavie.bg
Превод од бугарски: Никола Атанасовски