Радувај се во Господа, прославен граду Битола, на Четириесетте победоносни Маченици Христови славна родителке. Зашто тие на насилството и ветувањата од телољубивите Агарјани, мажествено спротивставувајќи се, непоколеблива основа за верните станаа, откако крвта своја маченичка како дар на Господа Му ја принесоа. Поради тоа венецот на животот нетлен го примија, и постојано за мир во Црквата и спасение на душите наши се застапуваат.
(Литијна стихира на Слава гл. 5)