„Каде да ја најдеме вистинската радост?“ – сè почесто ова можеме да го слушнеме од современиот човек. Постојан извор на радост за верникот е верата. Тоа што ние не чувстуваме вистинска радост е сведоштво пред сè за тоа, дека нашата вера е многу слаба. Само преку живото општење со Бога, во срцето на човекот се вселува тивката радост, која со ништо не се споредува. Само искрената желба да го видиме Бога е почеток на патот кон Неговото познавање. Без овој внатрешен импулс, сите наши „духовни“ обиди и напори се бесмислени. Тие се насочени кон било што, но не и кон Бога.
Општењето со Творецот нам треба да ни стане таква потреба, каква што е потребата за воздухот, пиењето и храната. Ние треба постојано да сме духовно гладни и никогаш да не сме наситени, бидејќи без општење со Бога, ние не можеме да преживееме и сме осудени на пропаст.
Имено заради тоа општење Господ ја создал Црквата како место, каде човекот ќе може, да ги остави сите земни грижи и суети, и да поразговара со Бога. Ние дома неможеме секогаш тоа да си го дозволиме. Нашите домашни обврски и грижи, не ни дозволуваат да се сконцентрираме – и ние волно или неволно се враќаме со мислите кон тоа, што треба да направиме или какви прашања треба да разрешиме. И така место за Бога во нашиот живот никако не може да се најде. Ние сме напнати и без радост. Кому е потребен таков живот.
Целта на богослужението – е да го открие патот кон таа радост, без која животот ја губи својата смисла и избледуваат боите на секој ден, што Светата Црква го објавува повеќе од два милениуми. Радоста за тоа, дека секој од нас, ако сака, може да биде спасен од темнината и смрта, преку нашиот Спасител Господ Исус Христос.
Ви посакувам сите да ја достигнете таа неискажлива радост во својот живот, исполнувајќи ги срцата со љубов и благодарност кон Бога.
Митрополит Антониј (Паканич)
Извор: http://pravlife.org