„Ние сме немоќни“, „со страстите треба да се бориме целиот живот, и неизвесно е дали воопшто ќе се справиме со нив“, „тие се посилни од нас“… Звучи познато? Како да се научиме не само да се прашуваме како да се справиме, туку и да добиеме конкретни резултати на тој пат? Што ни недостасува за да не се оправдуваме, туку да го живееме својот живот во согласност со своите идеали?
Одговор на овие прашања треба да бараме во самиот почеток од црковниот живот на човекот, кога тој започнува да размислува за своето несовршенство и сака нешто да измени во себеси, односно се обидува да издвојува мала победа над себеси.
Кога невоцрковен човек доаѓа во храмот, тој воопшто не знае со што да започни. Срамежливо набљудува наоколу и се обидува нешто да направи. Тој чувствува некаков повик од Бога и знае дека во Црквата може да најде одговори на своите прашања, да добие помош и спасение од Бога, но не разбира, како кон сето тоа да дојде.
Бесчуствителност
На првата етапа многу се добива. Повеќето христијани ќе кажат дека, периодот на воцрковување за нив е незаборавен. Тогаш Самиот Господ им помагал да извојуваат победа со Своето присуство и помош. Но поминува време и воцрковените луѓе кои постојано одат во храмот и се причестуваат, не наоѓаат во себеси чувства, кои би им помогнале да одат напред.
Во последно време многу често слушам за оваа појава. За оваа состојба во своите зборници со аскетски опити, пишувал и Свети Игнатиј (Брјанчанинов), кој оваа појава ја определува како грев и ја нарекува „бесчуствителност“.
Воцрковувајќи се, човекот со текот на времето не знае што да прави понатаму. Тој наоѓа во себеси многу несовршенства, како на пример: отсуство на молитва; неизвршување на молитвеното правило и.т.н. Од ова подоцна се појавува униние и ропот, а тоа потоа може да премине и во очајание.
Сега помеѓу нас духовните наставници има некој либерализам или попустливост во однос на пребивањето на човекот во некој грев. Тоа може да биде поради бесчуствителност, а исто така и поради оставање на молитвеното правило, ослабесност или целосно откажување од постот. Не се молел и не постел – што ние можеме да направиме. Мислам, дека ова е погрешен пат.
Врз основа на колосалното духовно искуство, кое постои во Црквата, неопходно е да изготвиме заедничка низа на активности. На пример, од една страна, ние говориме, дека постот – не е цел, односно дека е само средство, а од друга – утврдуваме, дека е задолжително да постиме. Човекот се губи и се прашува што да прави? Како да го најде оној што може да му помогне?
Како последица на оваа збунетост, се појавува тага и духовна немоќ, кога христијанинот престанува да верува во своите сили, а потоа и во – Божјата помош. Како резултат на тоа, тој оди во храмот, но повеќе не очекува, дека Господ ќе ги услиши неговите молитви, дека ќе му помогне, дека ќе го подржи и ќе му даде надеж. Не верува дека Светите Божји угодници, со молитвите упатени кон нив, ќе ја пренесат неговата душа кон Престолот Божји.
Уште подлабоко во таа бездна на нечуствителност, нашиот живот го турка и светот околу нас, со безаконието кое го прави. Човекот многупати се запрашува: зарем Господ не го гледа и не го слуша сето тоа? Зарем не го слуша плачот на луѓето? Зошто злото торжествува и лошите луѓе напредуваат, а добрите – или заминуваат во вечноста, или боледуваат? Човекот размислува: што да правам? – и не наоѓа одговор.
На помош може да ни дојде, почитуваниот во нашиот народ – преподобен Пајсиј Светогорец. Тој говори, дека молитвата на еден човек може многу да помогне. Старецот многу се огорчувал над оние луѓе кои се надеваат само на своите сили, а знаеме дека Господ „може да ни ја испрати на помош, не само божествената сила, туку и многу божествени сили; и тогаш Неговата помош ќе биде не само божествена помош, туку и Божјо чудо“.
Свети Пајсиј говорел дека еден монах со бројаница во рака, може да направи многу добра. Православниот христијанин е должен да чувствува лична одговорност, не само за себеси, но и за сите оние што се наоѓаат околу него.
Ако си ти христијанин и знаеш, каква полза може да принесе молитвата – не само за тебе, но и за ближните, – тогаш постави си ја за цел и постигни ја. Треба да се молиш не само за себеси, но и за оние, кои не можат или не сакаат да го прават тоа, заради нивниот начин на живот. На тој начин, покрај молитвата, ќе ти помогне и твојот духовен труд и животот според Христовите заповеди.
Видете ја целта
Духовната раслабеност кај човекот се случува, бидејќи тој не ја гледа пред себеси целта. Царството Небесно го замислува како некој вид бајка или мечта. Луѓето ја гледаат пред себеси смртта, заминувањето во вечноста и говорат: „Сеуште никој од таму не се вратил!“ Како никој? А Спасителот? Христос Воскресна! Он ја победи смртта и адот, и четириесет дена бил со Своите ученици, утврдувајќи ги во Своето Воскресение. Какви докази се уште потребни? Да воскресни соседката од улица?
Во евангелската парабола за богатиот Лазар е кажано за тоа: „штом Мојсеја и Пророците не ги слушаат, тогаш и да воскресне некој од мртвите, тие нема да му поверуваат“ (Лука 16, 31). По Воскресението на Спасителот многу мртви воскреснале и влегле во светиот град. Дали поверувал некој? – не!
Човекот е должен пред себеси да види цел, јасна и разбирлива. Ако целта е Царството Небесно, тогаш тоа, според Словото Божјо, „насила се зема и силните го грабаат“ (Мат. 11, 12). Ако ти застанеш на половина пат, тогаш знај дека не си ја достигнал целта.
Тука е важно да осознаеме, дека таа цел не се достигнува автоматски. Нетреба да размислуваме: „Ако јас го исполнив тоа и тоа, прочитав неколку канони, направив толку и толку поклони, никогаш не го нарушв постот – и Царството Небесно за мене е осигурано“. Не, сè ова што е наброено – е средство за постигнување на христианскиот живот, а останатото Господ ни го дава според мерката на нашиот духовен раст. Он ќе ни помогне и вразуми, и ние ќе чувствуваме, како да постапуваме во било која ситуација. А исто така ќе чувстуваме и радост – според зборовите на апостолот. Ако ја поставиме целта, тогаш и победата ќе ни биде лесна.
Помош од нашиот другар
Кога паѓаме повторно и повторно, можно е да се разочараме и да паднеме во униние. За да не се случи тоа, треба да побараме помош од нашиот пријател. За православниот човек таков другар треба да биде духовникот. Тој ќе ја сподели со него радоста и тагата, ќе го подржи, ќе му даде совет и нема да лицемери. Духовниот наставник нема да молчи, кога неговиот ближен пребива во грев. Тој ќе го поведе кон исправање на неговиот живот, да се покае и да постави пред себеси достојна цел. Со негова помош таа е полесно да се достигне. Потребно е да има духовна врска помеѓу духовникот и неговото чедо, помеѓу свештеникот и верниците.
Друга проблема која се појавува – е отсуството на духовна врска помеѓу духовникот (свештеникот) и духовното чедо. Многу верници се затвараат во себеси и не бараат помош од духовникот. Свештениците исто така, заради своите обврски не можат да стигнат до секого.
Да даде Бог, барем еден од сто луѓе кои ја слушаат проповедта на свештеникот, да се обрати кон Бога и да се спаси. Тоа е голема победа, бидејќи душата на човекот не може да се измери со ништо. Во Евангелието е речено: „ Ви велам, дека така и на небото ќе биде поголема радост за еден грешник, кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници, што немаат потреба од каење“ (Лука 15, 7).
Во христијанскиот живот можно е да ги достигнуваме поставените цели. Евангелието, апостолските посланија и житијата на светите, нам ни се од голема помош, – плус и нашиот личен духовен опит.
Лоша дијагноза
Кога забележуваме било каков резултат или промена во нашиот живот, тоа е поттик да одиме понатаму. Прекрасно е ако забележуваме, дека денес постигнавме повеќе од вчера. Но во никој случај не треба да се гордееме. Гордоста од духовното напредување е полоша од секое паѓање.
Светиот архиепископ Лука Кримски вели дека најлошо од сè, се лечи духовната гордост. Ако ние започнеме да размислуваме дека сме постигнале нешто, тогаш ние не се наоѓаме ни на почетното скалило од духовноста. Ако ја забележиме во себеси таквата состојба – ние ќе можеме да се поправиме, но ако не ја забележиваме, тогаш со нас е сè завршено. Тука веќе нема тревожен повик, туку диагноза.
Тоа можат да го потврдат и примерите од животот на светите. Например, затвореникот Свети Никита Печерски, епископ Новгородски, во својата млада возраст отишол да се подвизува, се затворил во пештера и не одговарал на повиците од духовникот. Многумина му предлагале привремено да ги остави подвизите кои тој самиот си ги задал, но младиот монах не сакал да ги послуша советите на браќата. Ѓаволот отишол кај него во вид на ангел и му рекол: „Јас ќе бидам со тебе! Ќе ти служам според Божјата волја“. До оваа состојба го довел фактот, што Свети Никита, напамет го знаел Стариот Завет, буквално до буква. Старците го предупредувале, дека тоа е демонска прелест. По усрдната молитва на браќата, непријателот на човечкиот род го оставил момчето. Потоа Свети Никита не само што го заборавил Стариот Завет, туку заборавил и да чита.
Гледате каков пат подготвува Господ, за човекот да ја разбере својата состојба или заблуда, за потоа да застане на патот на Вистината и никогаш од неа да не се оттргне.
За духовната наука е лесно да говориме, но за човекот таа е сложен и трнлив пат. Но ако него го води опитен духовник и сака да постигне смирение и духовна радост, тогаш Господ сè ќе устрои. Потребно е само да се надеваме на Него.
Протоереј Олег Хижнјаков
Извор: http://pravlife.org