„Дојдете при Мене… и Јас ќе ве успокојам“ (Мат. 11, 28), – рекол Христос.
Го следиме ли ние повикот Христов?
Мислам, дека малкумина ќе одговорат позитивно.
Ние цело време се занимаваме со било што, само не со Христос.
Ние се нарекуваме себеси христијани, но не му се доверуваме на Христа. Каков апсурд.
Ние очекуваме знаци, и се плашиме од антихристот, но ја пропуштаме низ прсти вечноста, која Господ ни ја дава преку Евхаристијата.
Секој кој зема учество во Евхаристијата е веќе избран, тој е веќе во вечноста, бидејќи уште тука станува дел од Телото Христово. Страшниот суд за него веќе не постои. Сите го имаме слушнато Божјиот повик, кој се однесува на сите нас: „Дојдете при Мене… и Јас ќе ве успокојам“ (Мат. 11, 28). Самите најпосакувани зборови.
Што ќе биде со Црквата?
Многумина денес се занимаваат со ова прашање, не разбирајќи дека, самата појава на ова прашање ја става под сомнеж нивната вера.
Верниот човек се доверува на Бога и на Неговата Црква, се доверува на оние, на кои Господ им дал да ја раководат Црквата, се доверува на сите решенија кои се донесени соборно, знаејќи дека така во свое време постапувале и Светите Отци, заштитувајќи ја Црквата.
„Не грижете се за утрешниот ден“, – рекол Спасителот. Но ние упорно не го слушаме Него, и живееме во постојани грижи. Зарем Господ не е во состојба да се грижи за Својата Црква, и за Своите чеда? Зарем Он, не е создател на сè видливо и невидливо, или можеби грешиме, бидејќи може да се случи нешто поинаку?
Со своите сомнежи и грижи, ние ја негираме Божјата Секадеприсутност, Семоќност, Милост и Благост.
Зарем не е премногу самоуверено, бидејќи човекот не може да направи ништо без Божјата помош.
Со нашите сомнежи, ние му се спротивставуваме на Бога, односно тврдоглаво говориме дека можеме без Него.
Детската вера на Мироносиците
Апсолутната преданост на Бога – е целта, кон која треба да одиме целиот свој живот. Светите Жени Мироносици со својот пример, ни го покажале тој пат. Нивната детска вера, кроткост и едноставност, со која тие безусловно верувале во Христа, и го следеле Него, претставува највисока појава на смирение и љубов.
Нивната награда била небесната тивка радост, дадена од Господа, која станува ѕвезда патеводителка.
Тие за ништо не размислувале, ништо не предвидувале, не гледале напред, не се превознесувале, тие целосно, како деца се доверувале на Спасителот, ставајќи ја својата рака во Неговата рака, и го следеле, не барајќи други патишта.
Господ на секого од нас, му ја подава Својата рака, предлагајќи ни да биде наш Божествен водич, по патот кој води кон спасението. Многумина на почетокот со радост ја прифаќаат подадената рака, но подоцна се откажуваат, сметајќи дека сами знаат каде треба да одат, и на тој начин ја губат целта кон која треба да се движат.
Но Господ трпеливо не чека, за повторно да му се довериме и да ја побараме Неговата рака, за да разбереме дека без Него ние ништо не можеме.
Христос – е лебот на животот
Христос – е лебот на животот, без Кого нема живот, ни на земјата, ни на небото. Ние Него можеме да го добиеме само во Црквата, за време на Литургијата.
На Литургијата се надминуваат границите на времето и просторот. Во тој момент, заедно со нас на невидлив начин, присуствуваат Ангелите и светителите, и се молат и радуваат, во големиот момент на принесување на Бескрвната Жртва на Спасителот Христос.
Вистинското предназначување на човекот – е Небото, а не земните времени добра. Целта на Црквата Христова – е да му го даде на човекот Небото.
Во спротивен случај, Црквата би се претвора во општествена, политичка или социјална институција. Црквата престанува да биде Црква, ако на човекот не му го дава Изворот на вечниот живот. Таа е единствениот чувар на Божествениот Извор.
Посакувам, сите ние да ги насочиме сите свои сили кон најважната и најглавна за нас борба – борбата со своите гревови и страсти.
Во таа борба, посакувам да ја осознаеме сета своја беспомошност, и да разбереме, дека ние сме ништо без Бога. Нему целосно да Му се довериме, барајќи ја неговата помош и раководство.
И Он ќе дојде, бидејќи Самиот Он рекол: „Јас сум лебот на животот…“ „Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, ќе има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден“ (Јован 6, 35, 54).
Митрополит Антониj (Паканич)
Извор: http://pravlife.org