На 12.03.2018 год., во Митрополијата на Преспанско-пелагониската епархија во Битола, се одржа Епархиско Собрание и собрание на Епархискиот Управен Одбор.
Собранието го предводеше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во присуство на членови од сите Архиерејски намесништва.
На Епархиското собрание се разговараше за црковно – духовниот живот во епархијата, а потоа беше разгледана и одобрена завршната сметка на ЕУО за 2017 год., а исто така беше разгледан и одобрен предлог буџетот на ЕУО за 2018 год., на крајот следуваа прашања, предлози, Одлуки и заклучоци.