Во врска со вашето прашање за исповедта, монасите кои практикуваат секојдневна исповед, како содржина на нивниот секојдневен живот го имаат послушанието кон старешината на манастирот. И тие ја прават таа секојдневна исповед токму затоа, да бидат што појасни, пред сè, на нивниот духовник. И од друга страна, да не прават ништо што е по нивна волја. А христијаните, често се угледуваат на тој момент, да речеме, од монашкиот живот, живеат во светот со родителите, со браќата и сестрите, одат на работа, работат и сакаат да имаат постојан контакт со духовникот, да му кажуваат разни работи што им се случуваат во животот, до таа мера што се потполно неслободни и збунети, па прашуваат разни работи: дали да ги купат овие чевли, креветот да им бил таков, дали да одат на летување – најневеројатни работи…
… Тука се работи за една психолошка замка. Што е всушност таа психолошка замка и што значи тоа? Тоа значи, кога ние рационално знаеме дека нешто е потребно во духовниот живот, на пример, знаеме дека треба да се исповедаме, или да се молиме, земаме за пример, образец, некој подвижник кој го имал дарот на молитвата и знаејќи го тоа рационално, го применуваме на себеси, а тоа воопшто не нè изразува нас и ни станува оклоп, мака. И тогаш, бидејќи немаме мир, а се занимаваме со духовен живот, не чувствуваме радост, туку постојана мака и терет, мислејќи дека со надворешна практика можеме да го надохнадиме она што може да се надохнади само со личен однос.
Митрополит Загребско-љубљански Профирије