За време на Втората Светска војна, Германците го зазеле Киев, а германскиот командант посакал да ги посети познатите пештери во Киево-Печерската Лавра. За таа цел командантот со своите офицери, зеле еден монах кој се подвизувал во Лаврата, со цел да им организира екскурзија. Екскурзијата започнала од нижните пештери.
Во тоа време кивотите со моштите на светите биле отворени, без стакла. Монахот кој ја предводел екскурзијата одел напред со запалена свеќа, а по него оделе Германците со електрични фенери во рацете. Главниот командантот носел и револвер во раката. Околу кивотот на преподобниот Спиридон Просфорник, кој се упокоил пред 800 години, командантот застанал, и го запрашал монахот, од што се направени моштите. Монахот почнал да му објаснува, дека тоа се тела на свети луѓе, кои со својот свет живот се удостоиле со нетленост (нераспадливост). Тогаш командантот го зел својот револвер, и истрелал куршум со три метци во раката на преподобниот Спиридон. Тогаш од исушената и потемнета рака, почнало да течи свежа крв (трагите од трите рани на раката на преподобниот се видливи и сега). Командантот заедно со неговите придружници, во ужас бегајќи ги напуштиле пештерите.
Следниот ден, преку градското радио, германската команда објавила, дека Лаврата е повторно отворена за сите верници и посетители, кои сакаат да се поклонат и помолат. Слични соопштенија биле поставени насекаде низ градот. Преку ова чудо Лаврата и моштите на светите биле спасени од безбожниците.
Од житието на Светиот исповедник Кукши (Величко).