Сите ние сме деца, не само на своите родители, но и деца на Бога. На кој начин? Господ го создал целиот свет кој не опкружува: космосот со неговите галаксии, планетите, ѕвездите, земјата со морињата, континентите, островите, реките, езерата, планините, полињата и.т.н. Он ги создал сите риби, рептили, цицачи и воопшто целиот растителен свет. На крајот Бог го создал човекот, како круна на сето создание. Сè, што ние гледаме на нашата планета Земја, и сè што се наоѓа во космосот, не се појавило случајно, или само од себе, без учество на Бога, Кој е создател на сè што постои.
Нашиот свет е исклучително премудро создаден. Една клетка во човечкото тело, содржи повеќе информации, од сите триесет тома на енциклопедијата „Британика“. Кога ние гледаме било каков предмет или објект, направен од човечки раце, ние веднаш во себеси почнуваме да размислуваме, колку труд, сила и разум е вложено во него. Дури и најпростите работи – масата или столот – не можат да се создадат сами од себе, без учество на сила однадвор, а да не говориме за најсложните предмети, како на пример, станбената зграда. За да се изгради една зграда, потребен е трудот на стотици луѓе: архитекти, дизајнери, градители и.т.н. А домот – е наједноставната творба на човекот, бидејќи има и многу посложни работи. На пример, за да се направи и испрати во космосот вселенски брод, потребни се многу човечки години и голема посветеност на многу научници. При создавањето на било кој вселенски брод, потребни се илјадници пронајдоци и научни откритија. А Бог, со Својот совршен разум и совршена моќ, ги создал сите космички тела и планети и им дал закон да се движат по зададените орбити. Всушност, космос, на грчки означува поредок, хармонија, убавина, и затоа, сè што Бог создал, е совршено и прекрасно.
Но Бог не само што го создал овој свет, Он се грижи за него како за Своја најсакана творба. Бог е најсовршена Љубов! Он го создал овој свет и човекот, „според Својата изобилна добрина“, пишува Свети Јован Дамаскин. Љубовта секогаш бара изразување, таа е должна на некого да се излее. Бог создавајќи го светот според Својата преголема љубов, промислува и се грижи за него. Бог учествува во животот на секој човек.
Кога во семејството ќе се појават деца, родителите им ја даваат сета своја грижа и љубов. Така и нашиот Отец Небесен, со својата љубов се грижи за нас, Своите чеда. Сè, што ние имаме: храна, облека, способности, таланти, – сето тоа го добиваме како дар од Самиот Бог. Затоа ние постојано треба му благодариме на Бога.
Извор: http://pravoslavie.ru