На 31.12.2017 г., во предвечерието на новолетието, кога го славиме споменот на Светиот маченик Бонифациј; Свети Григориј (Григентиј), епископ Омиритски; Свети Бонифатиј Милостив, епископ Ферентиски; Преподобен Илија Муромец; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи сеноќно бдение во црквата на Св. Игнатиј Богоносец, при манастирот Успение на Пресвета Богородица во Јанковец, Ресен.
„Ангел претстател од небесата беше испратен на Богородица да ѝ рече ‘Радувај се!’ И со глас бесплотен, гледајќи Те како се воплотуваш, Господи, во ужас стоеше воскликнувајќи ѝ: Радувај се, низ Тебе радоста заблеска. Радувај се, низ Тебе клетвата исчезна. Радувај се, на паднатиот Адам исправување. Радувај се, на Ева од солзите избавување. Радувај се, висино, и за помислите човечки недостижна. Радувај се, длабочино, ни за очите ангелски несогледлива. Радувај се, зашто царски престол Си. Радувај се, зашто Го носиш Носителот на сѐ. Радувај се, ѕвездо Која Сонцето Го објавува. Радувај се, утробо на Божественото воплотување. Радувај се, низ Тебе тварта се обновува. Радувај се, низ Тебе на Творецот Му се поклонуваме. Радувај се, Невесто Неневестна!“
(од Акатистот кон Пресвета Богородица, Икос 1)