На 01.08.2018 г., во предвечерието на празникот на Светиот пророк Илија, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Вечерна богослужба во манастирот Свети Илија, во Ротино.
Блажени пророче, ти си станал нетлен причасник на Бога мојот Спасител; кога го раздели Јордан со молитва, си поминал по суво, и на огнена колесница си однесен на небесата, откако на Елисеја му ја остави двојната благодат. Затоа те молиме: Иако си вознесен во тело, не разделувај се од нас духовно, и секогаш на Христа моли се, да ги спаси душите наши.