На 11.07.2018 г., во предвечерието на празникот на Светите апостоли Петар и Павле, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи Празнична Вечерна богослужба во манастирот посветен на Светите апостоли, во село Смилево.
Со какви пофални венци да ги овенчаме Петра и Павла? Разделени телесно, а соединети духовно, први меѓу проповедниците на Бога; едниот како началник на апостолите, а другиот како оној што се потруди повеќе од другите, зашто нив, навистина, достојно, со бесмртна слава ги овенчува Христос нашиот Бог, Кој има милост голема.