Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Евангелскоит расказ во Третата недела од Великиот пост – Крстопоклоната Недела, поставува пред нас, браќа и сестри, многу важни прашања. Оној што директно и смело ќе одговори на нив, ќе се удостои, уште во овоземниот живот, да го види Божјото Царство.
И кога го повика народот и учениците Свои, им рече: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене. Зашто, кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја загуби; а кој ја загуби душата своја заради Мене и Евангелието, тој ќе ја спаси. Оти каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости? Или каков откуп ќе даде човек за својата душа? Зашто, кој се срами од Мене и од зборовите Мои во овој прељубодеен и грешен род, и Синот Човечки ќе се срами од него, кога ќе дојде во славата на Својот Отец со светите ангели.” И им рече: „Вистина, ви велам: тука стојат некои, што нема да вкусат смрт, дури не го видат царството Божјо, дојдено во сила” (Марко 8, 34 – 9, 1).
Оној, кој сака да врви по Христа, треба да се одрече од себе, да го земе крстот свој, и да оди по Христа. Но пред да тргнеме по Христос, сите следбеници Христови ги очекува Голгота. Ако се обидеме да се слушнеме себеси, своите чувства и желби, тогаш ќе мораме да признаеме, дека целиот наш состав – дух, душа и тело, – очајно се протиvi, и не сака таква самопожртвуваност. Кога пред нас стои избор: да ја исполниме својата волја или волјата Божја, тогаш ние моментално наоѓаме илјадници изговори, за да не го исполниме последното. Нам ни се чини, дека ако ние некого послушаме, на пример, гласот Божји или Евангелското Слово, тогаш ние многу ќе изгубиме.
Нашиот Спасител ни говори, дека, оној, кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја загуби; а кој ќе ја загуби својата душа заради Него, тој ќе ја најде. Зошто? Христос ни објаснува, дека немаме никаква полза од тоа, да ја следиме својата волја, прозрачно, како што ние мислиме, здобивајќи го целиот свет, бидејќи со тоа ние го губиме највредното – својата душа. Ништо во светот не може да се спореди со вредноста на човечката душа.
Сепак, повеќето луѓе го избираат светот, а својата душа ја уништуваат. Христос говори, дека тоа се случува поради чувство за лажен срам пред луѓето, кога се срамиме да направиме добро дело, или да не земаме учество во безаконието. Човекот се срами да не учествува во злоделата на овој свет, за да не биде исмеан. Сè започнува со мали нешта. Отпрвин, детето ги лаже родителите дома, дека ги има научено лекциите, а всушност не ги научилo, за да си угоди себеси, играјќи фудбал со врсниците.
Потоа на училиште го лажи учителот, кога препишува на контролните, на факултет наместо да се посвети на студиите, на нечесен начин си обезбедува себеси поени, и на крај како резултат, не е во состојба да се докаже како специалист во одредена област. Исто така, нему му е тешко, под притисок на озогласеното јавното мислење, да ја зачува својата чистота до бракот, и да остане верен во брак. И постепено главн принцип на неговиот живот е слоганот: „Ако сакаш да живееш – умеј да се вртиш!“ Целиот живот на таквиот човек се претвора во измама! И со што завршува? Спасителот говори: „Зашто, кој се срами од Мене и од зборовите Мои во овој прељубодеен и грешен род, и Синот Човечки ќе се срами од него, кога ќе дојде во славата на Својот Отец со светите ангели“. На таков начин човекот се осудува себеси на вечни маки, кои започнуваат уште во овој живот, поради вознемиреноста на неговата совест. А они христијани, кои ќе го издржат притисокот и соблазните на светот, и ќе останат верни на Христа, мажествемо носејќи го својот крст, Господ им ветува дека ќе го видат Царството Божјо, дојдено во сила уште овде на земјата. Како е тоа можно? Сите ние чувствуваме радост кога искрено се каеме за своите гревови. Кој од нас не почувствувал утешение, кога им укажувал несебична помош на другите луѓе, кога говорел правда, и се молел за оние на кои им е потребна? И секој наш труд, ако се прави чесно, совесно и од длабочината на душата, е способен да му даде вистинска радост на било кој човек.
Целиот XX век помина во пргон на Црквата Христова. Крстовите беа симнувани од храмовите, забрануваа да се носи крст на градите, дури и на гробовите на ветераните на ВОВ, наместо крст, ставаа ѕвезда. Така се организирал новиот начин на живот, се воспитувал новиот советски човек, без вера во Бога. Многумина мечтаеле за рај на земјата без Црквата, но на крајот на краиштата, тоа не довело ништо добро. Империјата, изградена врз безбожноста, се распаднала. Ние сеуште ги собираме плодовите од безбожното комунистичко воспитание на многу генерации. Сега за својата вера во Бога не нѐ затвараат во затвори, не нѐ стрелаат, не ги симнуваат крстовите од храмовите. Многумина јавно се крштеваат и носат крст на градите.
Борбата против верата почна да добива префинета и софистицирана форма. Никој не ни забранува да веруваме, но во исто време се прават очајни обиди, да се направат сите религии еднакви. Но ниту една од нив, нема право да се осмелува да претендира на повисок божествен авторитет.
Сепак оваа состојба не треба да не плаши. Сите христијани се повикани, да се одречат од себе, да го земат својот крст и да го следат Христа. Дваесеттиот век е натопен со крвта на илјадници маченици и исповедници на Црквата Христова. Како што говореше во една од своите проповеди свештеномаченикот Владимир (Богојавленски), митрополит Киевски, ако ние се откажеме од божествениот авторитет на Црквата, од тоа, дека Вистината е една, тогаш нас би не оставиле на мира, и на секој можен начин би не наградувале. Но каква смисла има во тоа, ако ние го придобиеме целиот свет, а на душата своја и наштетиме? Ние не знаеме што нас не очекува утре. Според кажувањата на Светиот Патријарх Кирил, на секој пет минути во светот убиваат по еден христијанин.
Можеби некој од нас ќе се удостои со маченички венец. Ќе можеме ли да останеме во верата, ако дојдат гонења како во првите времиња? Тоа е возможно, ако ние никогаш нема да го изгубиме од вид Крстот Господов. Најглавно е ние секој момент од нашите животи да го носиме крстот не само на градите, туку и во срцето, отсекувајќи ги грешните мисли и желби, и победувајќи ги со силата на чесниот и животворен Крст, сите демонски зла и искушенија. Амин!
Архимандрит Маркелл (Павук)
Извор: http://pravlife.org