Заради децата ќе постојам простум – Старец Порфириј

Еднаш Старецот се упатил кон Света Гора, тргнувајки од Солун за Јерисо (патувањето трае околу два часа и половина). Кога отишол на касата, таму имало билети само за места со стоење. Во автобусот, близу до отец Порфириј, седеле неколку млади момчиња, кои весело разговарале меѓу себе. 

Еден од луѓето во автобусот ги искритикувал момчињата, дека не обрнуваат внимание на тоа, што до нив стои возрасен јеромонах. Но, младичите воопшто не му обрнале внимание и продолжиле да си седат, како ништо да не се случило. Тогаш мажот со строг глас му рекол на еден од нив да стане. Но, никој од момчињата не се помрднал од своето место. Полн со негодување, тој човек станал и го отстапил своето место на Старецот. Отец Порфириј му се заблагодарил, но не седнал на слободното седиште. До Јерисо патувал, стоејќи.

Пред крајот на патувањето, мажот го прашал Старецот зошто не седнал на неговото место, а тој одговорил: „Се пожртвував заради децата.“ Гледајќи, дека човекот не разбрал што му кажал, отец Порфириј појаснил: „Неправилно постапи, што направи забелешка на тие младичи. Тие исто постапија неодговорно, оставајќи возрасен јеромонах да стои и сами, по сопствена желба, не му отстапија место, како што би било редно да направат. Ако тие станеа после твојот укор, а јас ако бев седнал на нивното место, или ако седнев на твоето место, тогаш момчињата немаше да го осознаат своето лошо поведение, туку напротив, ќе се почувствуваа прави. А сега, кога престојав толку време пред нив, нивната совест се пробуди и молчаливо ги осуди за нивната постапка.

Само така човек може да се спаси – кога се кае, не поради тоа дека го укорува некој од страна, туку кога го изобличува неговата сопствена свест.

Извор:http://pravoslaven-sviat.org

Превод: Божидар Маслинко