Започнаа подготовките за прославата на Свети Кипријан Слепченски

На 10.03.2017 г., во просториите на Светата Митрополија во Битола, се одржа работна средба меѓу Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, градоначалникот на Општина Демир Хисар,  г-дин Љупчо Блажевски и Проф. д-р Сашо Цветковски од центарот за истражување на културното наследство при МАНУ (Македонска академија на науките и уметностите), во врска со централната прослава на Преспанско-пелагониската Епархија, по повод 50 години од возобновувањето на автокефалијата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. 

На средбата присуствуваше и Архиерејскиот заменик, протоереј-ставрофор о. Никола Грамбозов.

Тема на разговорот беше канонизацијата на новиот светител: Светиот Маченик Кипријан Слепченски.

IMG_3240