За оние кои „протестираат“ – Протоереј Алексеј Ткачев

Современиот протестант „од нашите“, понекогаш и не е толку далечен од Православието. Во првите две-три години, тој е многу отдалечен. Сè во Православието за него е – или фолкор, или незнабоштво. Но, животот си го прави своето…

Родната општина, која го научила да верува, веќе не изгледа така совршено, како во почетокот. Стануваат забележливи недостатоците на браќата и сестрите; личните гревови, и покрај увереноста во спасението, излегуваат од вратата, а влегуваат низ прозорецот. Наместо „чистата евангелска вера“ и едноставноста, сè почесто себеси се изјаснуваат во доктриналните разлики. Човекот се смирува, односно се збогува од претходната ревност. Станува јасно она, што постојано повторува Црквата. А имено – дека спасението бара труд, дека животот поминува помеѓу стравот и надежта, дека „Царството Небесно на сила се добива“ (Мт. 11, 12). Во потсвеста постојано расте гласот на генетската меморија (спомен).

Повеќето протестанти кај нас се луѓе крстени. Можеме да ја одрекуваме ползата на крштението во детството, можеме да се сметаме себеси за граѓани на вселената и стопроцентени синови на идното Царство. Но крштението дејствува, благодатта живее и бара воцрковување. Некои од нашиве протестанти изгледаат како полумонаси или старообредци за своите надворешни браќа (од западните земји). И нивните жени на служба одат со покривени глави, и со гитара не сакаат да се молат, и се молат долго во истата положба. Мислете што сакате, но честопати тоа – вистинско крштение на луѓето во детството, ги прави да се однесуваат и стремат себеси во согласност со просветлената совест.

Нивното срце испумпува по вените, заедно со крвта и генетска меморија. Тоа е споменот за Православието.

„Како се молите? – прашав јас еден протестантски проповедник. – Вие имате дефиниран чин, или вие секој пат се раководи според емоциите?“„Секако, постои чин, – умно и тажно одговори собеседникот. Според емоциите и  духовното издигнување квалитетна работа не можеш да изградиш“. Потоа он раскажа, дека тие започнуваат со пеење на псалми, дека потоа кажуваат молитвени прозби за различни потреби, и дека  проповедаат. Молитвата ја завршуваат со општо читање на молитвата „Оче наш“. Јас забележав, дека ако не се земе во предвид анафората и епиклезата, односно срцевината на Евхаристијата, тогаш според структурата нивната молитва е многу слична на Златоустовата Литургија. Он се согласи. „Генетски спомен?“ – го прашав јас. – „Можно е“, – прозвучи одговор.

***

По некое време, можеби за неколку години, нашите парохии ќе се зголемат со враќањето во Православието на нашите браќа и сестри, кои поминале катихизација во протестантските школи. Тоа ќе биде вистинско торжество на Православието, но нам ни е потребно за тоа да се подготвиме. Како прво, тие се – луѓе на Книгите. Ним им е потребно да им се чита и објаснува Светото Писмо не пет минути во неделата, а многу повеќе. Повеќето од нив токму затоа ги полнат изнајмените концертни сали, бидејќи во родните цркви, под куполата, над која се издига крст, тие немаат слушано проповед. Да кажеме искрено, немаат многу ни побарано. Но ако би посакале, тогаш, повторно да кажеме искрено, тие ќе се вратат во изнајмените сали. Нам ни е потребно да проповедаме, постојано и квалитетно. Верата на отците, верата, „еднаш предадена од светителите“, во нашиот случај е слична на ковчег со богатство. Богатствата се реални, но и ние самите ретко се загледуваме во ковчегот.

***

Од вообичаената одбивност кон протестантите треба да се оди кон радостно и смело проповедање. Вие ја почитувате саботата? А знаете ли вие, дека и ние ја почитуваме саботата? Не по еврејски, со неработење, туку со непрестајна молитва во храмот. Ние помниме, дека тоа е – седмиот и благословен ден. Само го почитуваме него помалку од неделата, бидејќи саботата е – ден на благодарниот спомен за создавањето на светот и благословот, а неделата е –  благодарност кон Бога за искупувањето. Искупувањето бара повеќе љубов, отколку создавањето.

Вие го почитувате името на Господа, откриено на Мојсеј при капината? А вие знаете, дека ние на секоја служба него со страв го изговараме? Ние го благословуваме Господ, односно Јахве, говорејќи на црковно-словенски „Сый благословен Христос Бог наш“ (Оној кој е благословен е Христос нашиот Бог). Бидејќи Синот во сè е рамен на Отецот. Он исто така е – Јахве, како Отецот и Светиот Дух. На грчки тоа име ние го пишуваме на иконите на Спасителот. Тоа име го изговараме и на светата тајна Крштение.

Ако вам ви е угодно, тогаш ние сме – пентекосталци во правилна смисла на овој збор. На Педесетница е роденденот на нашата Црква, и сè, што се случува во неа, се случува преку дејството на Светиот Дух. Ако сакате да знаете, тогаш ние не сме ништо помалку од квакерите, бидејќи се учиме да трепериме пред Бога во молчание. Многумина од нас не се ништо помалку од самите активни методисти кои целиот живот го изучуват Светото Писмо. Сè она, што отделни групи и секти се обидуваат да го создадат како свое заедничко или индивидуално битие, кај нас постои. Притоа, тоа не се појавило вчера. Сето тоа кај нас е од почетокот и постои во вистинска смисла, само треба да се побара. А што се однесува до гревовите и слабостите – кој нив ги нема? Разликата е во тоа, што нашите гревови се на повидок, и ние заедно со апостолот Павле, не се плашиме да се фалиме со немоќите, „да се всели во нас силата Христова“.

Тоа е смела цел, но таа е реална. Потребно е да се вратиме кон сериозно нурнување во догматиката. На сите им е познато, дека протестантите, како црвени знамиња ги нервираат иконите. Ние се обидуваме да им го објасниме догматот на Седмиот Вселенски Собор, но, испаѓа, како да разговараме на различни јазици. Работата е во тоа, што треба да се започне со Првиот вселенски Собор. На почетокот е потребно да се говори за Божеството на Исус, за Неговата природна еднаквост со Отецот. Потоа, ако заедничкото разбирање е постигнато, треба да се говори за Вториот Вселенски Собор, потоа за Третиот. Божеството на Светиот Дух, еднаквоста во Ипостасите, различноста помеѓу Личноста и природата ќе бидат наши теми. Сложностите, може е, да се научат со Четвртиот Вселенски Собор, понекогаш и порано. Односот на природата и волјата, прашањето за Дева Марија – Кого Таа го родила и како Нејзе правилно да ја нарекуваме? Тука разликите ќе бидат видливи. Тоа значи, дека прашањето за иконопочитувањето, прашање, поставено и решено на Седмиот Вселенски Собор, невозможно е да се реши, прескокнувајќи преку неколку столетија интезивна догматска мисла.

Христос е – воплотениот Бог, Бог, кој стана видлив. Врз основа на Воплотувањето, кон Него не се однесуваат зборовите од Стариот Завет, кои нагласуваат забрана за изобразување на тоа, што „само со гласот сте го слушнале, а никаков лик не сте виделе“. Христос – не е „туѓ Бог“, на чии образи се соблазнувал Израилот. Он е – Вистински Бог, Чија Личност при земниот живот била достапна за вид и допир, а сега е достапна преку насликаните икони. Но, за да се дојде кон тоа, потребно е она што е поминато да се остави зад себеси. Потребен е упорен труд, во почетокот на сопственото образование, потоа –со едноставни разговори со браќата, кои се лишени од општење со Црквата. Тоа е огромен труд, кој луѓето не можат да го носат, труд, кој бара благодат. Бог ќе даде благодат, ќе даде многу, „во изобилство“.  Потребен е само нашиот труд. Во тоа е цела работа.

 ***

Треба да ги видите очите на луѓето, кои не се одделуваат од Библијата, кога за првпат ќе слушнат за Египетските отци. Кој го сакал Писмото повеќе од отците? Многумина од нив го знаеле на памет целиот Псалтир, помнеле буквално огромни делови од Евангелијата, цели посланија на свети апостол Павле. „Вие мислите, дека ги сакате и знаете светите книги? Јас ќе ви раскажам за Арсениј Велики и за Антониј“. Треба да ги видите очите на луѓето, кои привикнале да добиваат духовна храна во вид на тенки брошурки со сјајни корици, кога ава Амон и ава Макариј за првпат застануваат пред нивниот мисловен поглед.

„Но каде се тие луѓе денес? – ќе нè прашаат нас подоцна или порано. – Не се ли повеќето православни парохијани луѓе прости и далечни на длабоките учења?“ – „Не се збунувајте“, – ќе има одговор. Во тие времиња, кога во пустините се населиле луѓе, знаејќи ја секоја буква од Мојсеевите книги, заедно со нив живееле и луѓе, кои ништо не знаеле, освен името на Спасителот. „Јас ништо не запомнувам и ништо не помнам“, – се жалел младиот монах на наставникот. – „А како го нарекуваат Спасителот?“ – го прашал старецот. – „Исус Христос“, – одговорил младиот монах. – „Зарадувај се, чедо. Ти го знаеш тоа што е најглавно“. Така е и во нашиот живот. Постојат многумина, кои не знаат многу, но заедно со нив во таа благодат, а често и во повеќето, пребиваат многумина, кои знаат малку, но го знаат најглавното.

Јас прилично сериозно тврдам и не се шегувам со тоа, дека многу скоро нашите храмови ќе се наполнат со тие, кои денес се идентификуваат себеси како протестанти. Нив нема да ги исплашат ниту строгите баби, ниту дисциплинската строгот, ниту необичниот јазик.

Тие луѓе , нахранети со текстови, ќе станат жедни за благодата, која ги родила тие текстови. Љубителите на Библијата ќе ја спознаат во Црквата смирената мајка на Писмата и ќе дојдат да се покајат за тоа, што долго време не го забележувале тоа. Од луѓе на Зборот тие ќе станат луѓе на Чашата. Поточно, тие ќе станат луѓе на Зборот, кој се пее, чита и се благовести над Чашата.

Само ние за тоа да бевме спремни.

Протоереј Алексеј Ткачев

Превод: м-р Игор Ризановски

Извор: http://www.pravoslavie.ru/42659.html