Од совршена хармонија потполно се откажувам. Таа не е вредна за солзата на ниту едно измачено дете, кое би се удирало во градите и би се молело во смрдливата колиба своја со неговите неискапени солзи на „дедо Боже“! (…) … Не сакам да страдаат повеќе. И ако страдањата на децата се потребни за пополнување на сумата на страдања, кои се неопходни за купување на вистината, ве убедувам совреме, дека сета вистина не вреди за таа цена.
(Браќа Карамазови. XIV. С. 223)
***
Не е доволно да се определува моралноста со своите убедувања. Треба уште непрестајно да си го разбудуваме во себе прашањето: а точни ли се моите убедувања.
(Тетратка со забелешки. XXVII. С. 56)
***
Едно ќе речам: моралните лишувања се многу потешки од сите физички маки. Простиот човек, кој оди на робија, доаѓа во свое општество, дури можеби многу поразвиено. Тој изгубил секако многу – татковината, семејството, сè, но неговата средина останува иста.
(Забелешки од мртвиот дом. IV. С. 55)
***
…Жалоста – е наша скапоценост, и нејзиното искоренување од општеството е страшно. Кога општеството ќе престане да ги жали слабите и угнетените, тогаш нему ќе му стане лошо: ќе закорави и пресуши, ќе стане развратно и бесплодно…
(Дневникот на писателот. XXII. С. 71)
***
…Најблагородните способности на човечкото срце – се способноста да се прости и да се враќа на злото со великодушност.
(Понижени и навредени. III. С. 248)
***
Не сакам и не можам да верувам, дека злото е нормална состојба за луѓето. А тие, цело време само над таа моја вера и се смејат. Но како да не верувам: ја видов вистината – не дека ја измислив со умот, туку ја видов, и нејзиниот жив образ ја наполни душата моја за навек. Ја видов во толку преисполнета целина, што не можев да поверувам дека е можно да ја нема во луѓето…
(Дневникот на писателот. XXV. С. 118)
***
Доколку самите се подобриме, и средината ќе ја исправиме и ќе ја направиме подобра. Само со тоа и можеме да ја поправиме.
(Дневникот на писателот. XXI. С. 15)
***
Ниската душа, излегувајќи од угнетеност, самата угнетува.
(Село Степанчиково и неговите жители. III. С. 13)
***
Без зачетоци на позитивното и прекрасното, човек не смее да влезе во животот од детството. Без зачетоци на позитивното и прекрасното не смееме да го испраќаме поколението на пат.
(Дневникот на писателот. XXV. С. 181)
***
… И во најпаднатото создание, можат сè уште да постојат највисоки човечки чувства.
(Село Степанчиково и неговите жители. III. С. 160)
***
…Без идеали, то ест, без одредени, барем најмали желби за подобро, никогаш не може да излезе никаква добра реалност.
(Дневникот на писателот. XXII. С. 75)
***
Престапот секогаш останува престап… гревот секогаш ќе биде грев, срамен, гнасен, неблагороден, без разлика на колкав величествен степен го вознесуваат порочното чувство!
(Неточка Незванова. II. С. 262–263)
***
Не казнувајте го [човекот] ако сакате, но нарекувајте го злото зло, зашто инаку ќе направите голема штета.
(Дневникот на писателот. XXIII. С. 167)
***
Тој што сака да принесе полза, може буквално и со врзани раце да направи безброј добра.
(Дневникот на писателот. XXV. С. 62)
***
Не сакам општество, во кое што не би можел да правам зло, туку такво, во кое би можел да го направам секое зло, но самиот не би сакал да го направам.
(Тетратка со забелешки. XXIV. С. 162)
***
Најдобрите луѓе се препознаваат по највисокиот морален развој и највисокото морално влијание.
(Тетратка со забелешки. XXIV. С. 234)
***
Грешките и недоразбирањата на умот исчезнуваат побрзо и со помалку траги од грешките на срцето; и не се лекуваат толку од споровите и логичките разјаснувања, колку од неискажливата логика на настаните од живиот, реален живот, кои многу често, самите во себе го заклучуваат неопходниот и правилниот заклучок и укажуваат на вистинскиот пат, ако не веднаш, во истиот миг кога се случиле, во секој случеј за многу краток рок, некогаш дури не чекајќи ги следните поколенија. Не е истото со грешките на срцето. Грешките на срцето се многу важна работа: тоа веќе е заразен дух, некогаш дури во цела нација, кој носи во себе многу често, таков степен на слепило, кој не се лекува пред никакви факти, колку тие и да укажуваат на правиот пат.
(Дневникот на писателот. XXV. С. 5)
***
… Ако она што го почитуваме за светиња – е срамно и порочно, нема да ја избегнеме казната од самата природа: срамното и порочното во себе носи смрт, и порано или подоцна, самото по себе се казнува.
(Дневникот на писателот. XXV. С. 98)
***
Со тоа е и силна големата морална мисла, со тоа и ги обединува луѓето во најсилен сојуз, што се мери не со моментална корист, туку ги устремува во иднината, кон вековечните цели, кон апсолутната радост. Со што вие ќе ги соедините луѓето за достигнување на граѓанските цели, ако вашата основа не е во првоначалната велика морална идеја?
(Дневникот на писателот. XXVI. С. 164)
***
…Разумот, науката и реализмот можат да создадат само мравјалник, а не социјална хармонија, во која човекот би можел да се придоми.
(Дневникот на писателот. XXI. С. 10)