Втор Акатист кон Пресвета Богородица

На 10.03.2017 г., во вториот петок од Великите пости, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, заедно со свештенството од храмот Пресвета Богородица во Битола, ја отслужи втората статија од Акатистот кон Пресвета Богородица. 

Икос 4

Ја слушнаа пастирите ангелската песна што го воспеваше плотското пришествие Христово, та поитаа како при Пастир, да Го видат кај лежи како Агнец непорочен, одгледан во утробата на Марија, запеаја и вака ѝ прословија: Икос 6 Радувај се, Мајко на Агнецот и Пастирот. Радувај се, Трло на овците словесни. Радувај се, неволјо за демоните невидливи. Радувај се, отклучување на портите рајски. Радувај се, сѐ небеско со земното се радува. Радувај се, сѐ земно со небесното ликува. Радувај се, на Апостолите усто непремолчлива. Радувај се, на страстотерпците смелост непобедлива. Радувај се, на верата цврсто утврдување. Радувај се, на благодатта светло познавање. Радувај се,низ Тебе адот се разголе. Радувај се, низ Тебе во слава се облековме. Радувај се, Невесто Неневестна!

КОНДАК 5

Кога ја видоа богоиспратената ѕвезда, Мудреците блесокот нејзин го следеа, и имајќи ја неа за светилник небесенсо неа крепкиот Цар Го бараа;и пристапувајќи при Недостижниот, се израдуваа пеејќи Му: Алилуја!

P1390411 P1390435 P1390453

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА