На 24.05.2017 г., во предвечерието на празникот Вознесение Христово – Св. Спас, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи празнична Вечерна Богослужба во манастирот посветен на овој свет празник во Крушево.
Тропар, глас шести:
Се вознесе во слава Христе Боже наш,
радост причинувајќи им на учениците,
со ветувањето на Светиот Дух,
кои беа уверени со благословот
дека Ти си Синот Божји,
Избавител на светот.