На 27.09.2017 г., празнувајќи го Воздвижението на Чесниот и животворен Крст Господов, во соборниот храм Свети Кирил и Методиј во Ресен, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија, на која ги освети првите плодови од годинашната берба и го благослови Преспанскиот јаболкобер.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Кондак, глас 4
Возвишувајќи се на крстот доброволно,на истоимениот Твој нов народ/дарувај му ги твоите милосрдија, Христе Боже,возвесели нè со Твојата сила,победа давајќи ни над противниците,/како помош имајќи го Твоето оружје на мирот, //непобедливата победа.