Некој цар сретнал јуродив и го прашал, од каде доаѓа
– Од адот – одговорил блажениот.
– Што правеше таму?
– Барав оган, да го запалам лулето.
– И го запали ли?
Не, тамошниот цар, одговори дека нема оган.
– Како тоа, зарем во адот нема оган – се зачудил царот.
– И јас се изненадив – рекол јуродивиот. Но, домаќинот на адот ми одговори: овде немаме оган за да ти дадеме, овде секој го донесува својот оган. Тој оган и него самиот гори.
Преземено: Отец Тони Петрушевски