Билборди со цитати од преписките на светите царски страдалници се појавија во разни региони во Москва. Посветени на љубовта, бракот и семејната среќа, цитати од личниот дневник на царицата Александра и писмата кон нејзиниот сопруг станале дел од проектот на Синодалниот оддел за взаемни односи на Црквата со општеството и медиумите „Николај II и Александра Фјодоровна. Зборови за љубов“
Проектот е насочен на утврдување на семејните вредности во руското општество, а исто така и за донесување до луѓето вистински информации за животот на царското семејство.
Последните 100 години и повеќе, личниот живот на последното семејство Романови претставува плодно поле за митови и шпекулации. Меѓутоа, реалната историја на нивниот сопружнички живот, основан врз вера, љубов и взаемно почитување, може да служи како образ на семејни односи за нашите современици.
„Моите усрдни молитви те следат ден и ноќ. Господ нека те чува, Тој нека те пази, раководи и води, и да те донесе дома здрав и крепок. Те благословувам и љубам, како ретко кој некогаш бил љубен“ – е само еден од цитатите кои го сочинуваат проектот, со кого москвичите ќе можат да се запознаат на улиците на престолнината.
Се претпоставува дека проектот „Николај II и Александра Фјодоровна. Зборови за љубов“, со тек на време ќе стане пример на достапен и позитивен начин да се осветлат непознатите и полузаборавените страници на руската историја.
Извор: http://www.pravoslavie.ru