Во Москва подигнат „Ѕид на маките“ во спомен на жртвите од политичките репресии

На 30 октомври, 2017 г., во Москва, од страна на претседателот на Русија Владимир Путин и Светејшиот Патријарх Кирил беше отворен новиот споменик „Ѕидот на маките“, посветен на жртвите кои пострадале во политичките репресии, соопштува «Интерфакс-религия».

– Спомениците се потребни за исцеление на луѓето. Доаѓајќи тука, спомнувајќи си за трагичните настани од нашата историја, луѓето не треба да чувствуваат униние и очај, туку да размислуваат за своите потомци и за тоа, каква земја и каква историја сакаат да им остават во наследство – забележа Патријархот.

276795.p

Исто така, Светејшиот потенцираше дека неопходно е да се донесат правилни заклучоци од изминатиот век и никогаш повеќе да не се повторуваат грешките на предците.

Претседателот Владимир Путин политичките репресии ги нарече престап, кој не може да се оправда со никакви повисоки добра на народот:

– Кога станува збор за репресиите, смртта и страдањата на милиони луѓе, доволно е да се посети Бутовскиот полигон и други братски гробишта на жртви од репресиите, кои ги има многу во Русија, за да се разбере: никакви оправдувања за тие престапи не може да има.

Претседателот исто така забележа дека: „неопходно е да се помнат и причините кои го предизвикаа тоа“, притоа укажувајќи дека „тоа не значи, да се повикува на „израмнување на сметките“ и одмазда“.

– Не смееме повторно да го туркаме општеството кон опасната граница на отпорот. Денес е важно за сите нас да се потпираме на вредностите на доверба и стабилност. Само врз таа основа можеме да ги решиме задачите кои стојат пред нашето општество и држава – заклучи Претседателот.

 

Извор: http://foma.ru/patriarh-kirill-i-vladimir-putin-otkryili-v-moskve-stenu-skorbi.html