На 09.04. 2017 г., во Шестата Недела од Великиот пост, кога го празнувавме Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во соборниот храм Св. Димитриј, Битола.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Кондак, глас шести
На небесата носен на престол, а на земјата на осле, Христе Боже,од ангелите фалење и воспевање си примил од децата, кои Ти извикуваа:благословен си Ти што идеш Адам да го повикаш.