Денес, на Велика Сабота, кога си спомуваме за неискажливото покојување на Господ Наш Исус Христос, „во гробот со телото, во адот со душата како Бог, во рајот пак со разбојникот…“ Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Пресвета Богородица во Битола.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Да молчи секоја плот човечка,
и да стои со страв и трепет,
и ништо земно во себе да не помислува:
зашто Царот над царевите
и Господ на господарите
доаѓа да се заколе и
да им се даде за храна на верните.