На 27.08.2017 г., во предвечерието на празникот Успение на Пресвета Богородица, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Празнична Вечерна богослужба во храмот Пресвета Богородица во Битола.
Тропар, глас 1
При раѓањето девството го зачува,при упокојувањето светот не го остави, Богородице,се престави кај животот,Мајко на Оној што е Живот,и со Твоите молитви ги избавуваш од смрт нашите души.