Целта на покајанието – I дел

Потпаднати под влијание на световното мислење, често сметаме, дека достоен човек е оној кој е безгрешен или силен. Сепак, таа пирамида во духовниот живот е превртена и свет е оној човек, кој се наоѓа во состојба на постојано покајание.

За оној, кој што реално се покајува, не постои грев, кој ја надминува  Божјата љубов. Кога се сомневаме дали ни е простено, значи во нас недостасува вистинско покајание, бидејки сме насочени кон сопственото си его и всушност, сакаме да се самооправдаме за нашите дела.

Покајанието не е моментален настан, туку состојба на живот. Тоа е нашиот секојдневен напор, кој што го вложуваме, да не се обесхрабруваме и да се обраќаме кон Божјата љубов. Разбирањето на покајанието како чин, кој што се случува од време на време, не е праведно, бидејки секогаш се наоѓаме во опасност од гревот и искушението. Поради таа причина, ние сме зависни од Бога. Свети Исак Сирин кажува, дека сите се наоѓаме во опасност од искушението и сите сме грешни. Не постои повисока добродетел од покајанието. Особено важно е она, кое што го знаеме теоретски, да се претвори во сознание на нашето срце. Само тогаш тоа ќе има практично изразување, кое го определува односот кон другите. Ако сме свесни за таа вистина, тогаш на различен начин ќе ги восприемаме, како настаните од нашиот живот, така и другите луѓе. Покајанието е преминување од тагата за нашата лична вина кон мачителната жед за личното општење со Бога.

Се оддалечувам од тагата за мојата лична вина и започнува да ме загрижува прашањето, како да ја угаснам жедта по тој копнеж за општење на душата со Бога, за вкусување на Божјата благодат. Покајанието не означува затворање во нашите грешки, не е процес на самозатворање, во кој што го истражуваме нашиот пад и грев, а е обраќање на нашето битие и копнеж кон Бога. Покајанието не е поистоветување со законот, туку е средба со Христос. Да си претставиме, дека ете  одиме да се исповедаме, за да ни дадат инструкции како да се потчиниме на некаква серија од закони и правила, без сепак да ја активираме нашата слобода и без да превземеме одговорност за таа лична средба со Бога. Повеќе нè интересира како да ја успокоиме нашата совест, како да се почуствуваме облечени и удобни, како да се отргнеме од нашето бреме. Повеќето пати, тагата за нашите гревови е болка на нашиот егоизам, дека не сме она, што сме се замислувале, и во многу помал степен е (ако и воопшто го има) мака, што сме ја изгубиле врската со Бога.

Покајанието и аскезата се влез, не во заедницата на фарисеите, туку во заедница со блудниот син, со работниците од единаесетиот час, со митарите… Тоа е осознавањето, дека во Црквата сме, не за да се гледаме себеси како заедница на чистите, моралните, одличниците, а како заедница на болните, ранетите, грешните. Затоа што гревот не е само чин и нарушување на некаква заповед или искривување на моралниот ред, а највеќе – неспособност на душата да општи со Бога и со човекот, зашто човекот останува изолиран во себе си, во своите интереси, права, помисли и желби. Христијанската етика не го дели светот на „добар” или „лош”, туку разликувањето е изразено во образите на двата разбојници: меѓу оној што стоеше одлево и оној што стоеше оддесно на Христос – меѓу разбојникот, кој што се кае, и разбојникот, кој што се наоѓа во состојба на непокајание.

Покајанието е непрестајно враќање кон Бога, постојано барање и наоѓање. Барањето на Бога не е некаква состојба, која што сум ја постигнал, сум ја освоил и од тука па натаму веќе сум сигурен. Барам и наоѓам, го наоѓам и го барам Бога, јас сум во непрестајно движење кон Него. Процес, кој што нè држи будни, кој што е далеку од приспивањето на душата, а е опит на љубов. Искуство кое нè активира. Поради таа причина, еден старец подвижник – авва Сисој, пред  крајот на својот живот барал уште неколку мига, за да се осами и уште еднаш да воздивне со покајание кон Бога – воздишка истовремено на тага и надеж, на болка и радост. Во тој момент, тој рекол, дека не знае дали воопшто го поставил почетокот да се труди во покајание заради Бога. Тоа е суштинското искуство от покајанието, тоа е неговиотт реален етос. А што правиме ние? Одиме на исповед, се покајуваме за неколку работи, и потоа се успокојуваме, дека сè ни е во ред, си велиме: „Добар сум!”… И со тоа завршува приказната. Духовното патување запира. Затоа што, кога сме во ред, ги судиме оние, кои што не се во ред, се одалечуваме од нив и се самооправдуваме.

Христијанството ни одкрива еден парадокс – да се чувствуваш, дека не си во ред и истовремено да си мртов; како и, да се чувствуваш, дека не си во ред и да си жив. Затоа што, кога се чувствуваш во ред, ги „исфрлаш од играта” Бога и Неговата благодат. Можеш привидно и да кажуваш „Го сакам Бога!”, но всушност ја оттргнуваш потребата од благодатта и цената на жртвата на нашиот Господ, бидејки се потпираш на твојата борба, на твојата сила, на твојот духовен успех. Напротив, кога не си во ред, тогаш чувствуваш колку си гол, ја чувствуваш сопствената недоволност, бараш и ја чувствуваш зависноста од Бога, Кој што те оживува. Светот го смета за успешен оној, кај кого што сè е нормално и урамномерено. Во Црквата, работите се потполно различни, не затоа што се оправдуваат нестабилноста, падот и гревот, туку затоа што се оправдуваат покајнието, скрушеноста и сознанието,  както што вели св. ап. Павле „сите згрешија и се лишени од славата Божја” (види. Рим. 3:23).

Што правиме, кога недостасува желбата за борба? Борбата не е целта. Борбата е патот. Проблемот е, што недостасува желба за крајот на патот – за Бога. Недостасува љубов кон Светлината, изгубена е љубовта кон Вистината. Ете зошто прашањето не е во борбата. Ние не сме родени за да се бориме со воздухот, неориентирано, самоцелно. Во нас недостасува желбата за борба, затоа што не сме се вдахновиле од целта. Која е причината? Секоја душа може да има многу причини, не можеме да генерализираме. Сепак, можеме да кажеме, дека човекот создава други богови, на кои што се поклонува, на кои што се концентрира во своите потреби, така што бега од себе си и не ја гледа реално својата состојба, затоа и останува во посредноста. Она, што ја раѓа желбата за борба, е инспирацијата од причината и од целта. Ако внимателно погледнеме  во себе си, ќе ја разбереме причината, поради која што тој копнеж, таа инспирација ни недостасува.

Ништо не може да настене сосила и без да имаме свест за тоа. Прашањето е, во нас да се запали пламенот, кој сите го носиме во себе од  Крштението. Но, сме фрлиле прав врз јагленот и чувствуваме, дека жарта е угасната. Всушност, таа сепак тлее. Како што огнот, врз кој што фрлаш нешто, привидно се гасни, но ако ја разориш жарта, тој оган пламнува одново. На истиот начин, потребно ни е да се разгориме во душата, за секој од нас да ја најде причината, која што го пали тој оган во себе си. Кога сакаме нешто многу силно, борбата не нè плаши – и имаме желба, и напорите ни изгледаат лесни. Но, денес сме толку многу ограничени во сетилните нешта, толку многу задавени во културата на среќата, што си имаме создадено потреби, кои што нè дезориентират, нè гушат, и истовремено се чудиме зошто ни недостасува желба да се подвизуваме. А причината е јасна – кога еден човек е замаен, кога дозволува некој да му сугестира идеи, дека за да биде среќен, треба прави и да има тоа-и-тоа, неговата душа се зашеметува; не му треба многу, за да отпадне духовно. Нашите сетила се умртвуваат и затоа е многу важно да започнеме од аскезата.

Наскоро доаѓа празникот на св. Јован Лествичник. Како што истакнува неговата личност, Црквата ни напоменува за аскезата како за можност за будење. Се презаситуваме со толку многу информации, што на крај, колку и да е издржлив човек, умот му се разболува и дури не разбира што се случува со него. Св. Јован Златоуст рекол, дека кога  еден кочијаш е замаен, тој не управува добро со кочијата. Така е и со душата – кога е замаена, и телото не ја следи. Во таа смисла, исклучително е важно човекот да влезе во процесот на оскудност, да ги отфрли излишните нешта од својот живот, кои му го замајуваат умот и му пречат да гледа јасно. Свеста ни е зафатена со илјадници непотребни мисли, со различни фиксации и нејасно се прашуваме зошто немаме желба за духовна борба… Духовните процеси не се нешто апстрактно. Сепак, духот има свој носител – нашето тело. И кога тој  носител се уморува, не може да го слуша духот, кој што ги разликува нештата. И така, сите тие нешта ја замаглуваат можноста на човекот да има расудителност и да разбере што треба да прави, а што не.

Ние сме во состојба на пијанство. Замаени сме и прво треба да се очистиме од „алкохолот, кој што ни проникнал во крвта”, за да разбереме што навистина се случува во нашиот духовен свет. Бидејки пијаниот човек не знае што прави – тој сака да биде одведен дома и има сили единствено да си легне. Не сака да се подвизува.

Аскезата е пат на покајание. Таа не е дел од системот на некаква си морална философија, таа не се вреднува во објективно утврдени морални образци, кои што поучно ти посочуваат што е правилно и што е – грешка. Наместо тоа, аскезата го има за цел, обраќањето на човечката слобода кон Бога, и покрај нашата после-гревовна природа, која што се спротивставува. Нашата бунтовна природа се спротиставува меѓу Бога и луѓето. Ние сме си доволни, автономни, се држиме за нашите права и сме детерминирале што е среќата. Живееме со убедувањето, дека сами можеме да ја најдеме радоста – независно од другите; уверени сме, дека самите можеме да го извојуваме своето спасение. Но, спротиставувајки се на тој дух на самодоволност, ние се обраќаме кон Бога и кон другиот човек. Токму тоа е аскезата.

Архимандрит Варнава Јанку

Извор: http://pravoslaven-sviat.org

Превод: Божидар Маслинко

(ПРОДОЛЖУВА)