Трета дискусија на Христијанскиот философски форум (ВИДЕО)

Што е творештвото? Зошто некои луѓе тежнеат кон тоа да го устројуваат светот што ги опкружува? Што е она што ги прави луѓето истрајни во творештвото, дури и тогаш кога она што го прават не е разбрано и поддржано од средината? Како е можно искуства и способности стекнати во една сфера на творештвото да се изразуваат преку други творечки дискурси? На кој начин човекот преку креативноста му се уподобува на Бога, разбран како творец и седржител на светот? Старогрчкиот поим POIESIS е изведен од зборот poieo (што значи „правам“), стои во основата на зборот „поезија“, а во најопшта смисла означува „целенасочено дејствие“. Третата дискусија на Христијанскиот философски форум ќе се сосредоточи на овој базичен филсофски поим и преку него ќе се обиде да фрли светлина врз погоре поставените прашања.

Гости:

Д-р Владимир Мартиновски (Филолошки факултет – Скопје)

Горан Трајкоски (Македонски народен театар)