На 23.04.2017 г, во Неделата на Антипасха – Томина недела, посветена на Светиот апостол Тома и неговата средба со Христос, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во црквата „Св. Илија“, село Дрен.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.