Светиот човек се разликува, не со своите чудеса, а со љубовта кон Бога и луѓето

 

На Света Гора Вие сте се сретнале со многу, денес, познати и почитувани старци. Споделете некои искуства од комуникацијата со нив.

Тоа не е лесна задача – да опишеш свет човек. Можеби е возможно да опишеш “несвет светец“, но тоа беа големи светители – тешко е. Притоа, тие беа многу мали, бидејќи беа многу смирени, природни луѓе. Со нив чувствуваш голема радост. Не те ослепуваат со својата светост, тие едноставно те зграпчуваат со топлината на љубовта.

Не појдов да се простам со отец Пајсиј пред неговата смрт, бидејќи не верував дека ќе умре – мислев, тој човек никогаш нема да умре.

Како да зборувам за искуствата и комуникацијата со тие старци? Ако некој ми беше расказувал за сè она, што го видов, и ако не бев го видел со своите очи, никогаш не би поверувал, за ништо на светот. И до денес си го поставувам прашањето: „Вистина ли е тоа, кое го видов со своите очи?“  Им се восхитувам на оние луѓе кои веруваат во тоа, бидејќи тоа се такви неверојатни работи кои може да ги прави само Бог.

– Расказите за старец Пајсиј, за другите светогорски старци, со кои сте се сретнувале, тоа можеби е една од најсилните проповеди, кои современиот човек ги очекува.

На Света Гора имавме благослов од Бога да живееме заедно со многу руски монаси, со кои имавме многу добри односи. Меѓу нив, имаше и големи подвижници и современи стетители, како на пример преподобниот Силуан Атонски и старец Софрониј од Есекс.

Самиот старец Пајсиј беше голем аскет. Си мислев, дека човек не може да живее така, како што живееше тој. Кон себе, тој, немаше никаква милост, никакво снисходење. Практично не спиеше секоја ноќ. Самиот си наложил такво послушание – од залезот до изгревот (на сонцето) се молеше сам во својата ќелија. Одмараше само по час или два по изгревањето (на сонцето). Во последните години го посетуваше огромно мноштво на луѓе, по цел ден комуницираше со нив, а целата ноќ не спиеше, се молеше.

Ќе ви раскажам за нешто кое го видов со воите очи, кога бев вратар во манастирот. Старецот замина во Синајската обител на три месеци. А во манастирот, дошла група на студенти, грко-американци, од Бостон, околу 25  души. Ги прашав од каде идат. Ми одговорија: „Од кај старец Пајсиј.“ Им велам: „Но него го нема тука.“ – „Не, не, тој е тука.“ – „Но тој замина пред     10-15 дена за Синај!“ – „Не, не. Ние бевме кај него, ни ја отвори вратата, поразговара со нас. Секој од нас побеседи лично со него. Ни даде подароци, нè почесто со локум, ни го покажа патот за тука. Се збогува со нас и си тргнавме.“ Си помислив се вратил и не сме го виделе. Но тоа беше невозможно, нели треба да влезе во манастирот. Им направив кафе, ги угостив со нешто и побегнав кон ќелијата на старецот. Него го немаше. Сè беше затворено. Тој се врати после два месеци. А, студентите го сретнале! И тоа не само еден човек!

Секој ден гледавме такви работи, зашто се случуваа секојдневно, и за тоа ги воспримавме како нешто обично. И конечно престана да нè интересира, бидејќи светиот човек се разликува не со своите чуда, а со љубовта кон Бога и луѓето – тоа го прави посебен.

Автор : Митр. Атанасиj Лимасолски

Извор: http://pravoslaven-sviat.org/2017/01/10/svetiya-chovek-se-otlichava-ne-sys-svoite-chudesa19971/

Превод од бугарски:

чтец Дамјан Трпкоски