На 08.11.2017 г., кога го празнуваме споменот на светиот великомаченик Димитриј Чудотворец, со Божествена Литургија се одблежа храмовиот празник на соборниот храм Св. Димитриј, во Битола.
На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на Архиерејскиот заменик, протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, Архиерејскиот намесник протоереј Димитар Михајловски, протоереите Кирил Трајковски и Стеван Здравевски, протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, и ѓаконите Златко Крстевски и Ѓорѓи Делев.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Величание
Те величаме, страдаличе свети Димитрие, и ги почитуваме твоите чесни страдања, кои за Христа си ги претрпел.