На 25.12.2017 г., кога го празнуваме споменот на +Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во соборниот храм Св. Димитриј во Битола.
На овој ден, по 36-ти пат, се организираше традиционалната манифестација посветена на Свети Спиридон Чудотворец, познат како заштитник на занаетчиите.
Кумството оваа година му припадна на Јован Станковиќ, сопственик на Церара пекарата од Битола.
Занаетчиите рекоа дека голем број на занаетите во Битола се изумрени и се помал станува интересот за обновување на старите занаети.
По молитвите на Светиот Спиридон, Господ да ги пробуди благородните чувства во срцата на луѓето, откривајќи ја радоста на создавањето, која посебно се раѓа од тие занаети.
Извор: тера.мк