„Самата таа глетка, гробу, ме плаши и прави срцето да лее солзи додека размислувам за долгот што ние, сите луѓе, го должиме. Kако воопшто можам да го поднесам? О, смрт! Kој може да те избегне?“
Денес го празнуваме споменот Св. Сисое Велики, заштитник на децата
Мисирец и ученик на Св. Антониј. После смртта на својот голем учител Св. Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева, според местото на подвигот на великиот светител. Земајќи врз себе тешки подвизи толку се скроти самиот себеси, што стана незлоблив како јагне. Бог му даде голема благодат. Можеше да исцелува болни, да изгонува демони и да воскреснува мртви. Свети Сисој се подвизуваше 60 години во пустината и беше како извор на жива мудрост за сите монаси и мирјани што му притекнуваа барајќи поука. Пред смртта лицето му заблеска како сонце. Монасите стоеја околу него и ѝ се восхитуваа на оваа појава. А кога светителот ја испушти душата, одајата се исполни со прекрасно благоухание. Се упокои во длабока старост, во 429 година.
Во Сливничкиот манастир, кој датира од 17 век на падините на планината Баба над Преспанското Езеро, изграден и живописан во 1607 година, во периодот на јеромонахот Никанур,во јужниот дел на долапот од прозорецот е насликана фреска со светиот преподобен Сисое Велики. Откриена е од страна на м-р Ленче Крстевска.Тој е прикажан со кренати раце и зачудувачки гледа над гробот, односно кон костурот на Александар Македонски и како да вели: О смрт! Целиот свет не беше доволно голем за тебе, Александре! Како сега си се сместил во 2 метра земја?!
Фреската побудува чувства на збунетост, страв и не ве остава рамнодушен, ве тера да размислувате за земното, минливото, распадливото за правта и пепелта на земната суета човечка.
Според преданието за свети Сисое Велики, тој во пустината го пронашол гробот на Александар Македонски. Kога го видел, се ужаснал и рекол: „Kолку голем човек беше, а сепак сега е само прав и пепел“. По ова, го затворил гробот и никому не му го покажал. На фреската, со старословенско писмо пишува:
„Самата таа глетка, гробу, ме плаши и прави срцето да лее солзи додека размислувам за долгот што ние, сите луѓе, го должиме. Kако воопшто можам да го поднесам? О, смрт! Kој може да те избегне?“
Византолозите напомнуваат дека фреската во Сливничкиот манастир е насликана по текст од христијанска беседа – Те гледам гробу, која била актуелна иконографска тема во црковната уметност кон крајот на 15 век, односно 16 и 17 век на овие простори.
Во нишата, над западната врата, каде што е претставена Богородица со Христос, зачуван е потпис на зографот Никола, автор на фреските на црквата.
Во овој контекст, поврзана со антиката во Сливничкиот манастир, во нартексот е зографисана фреската Страшниот суд , на која се претставени 4-те пагански царства: Вавилонското, Македонското, Перасиското и Римското.
Идентична ,можеби иста фреска со светиот Сисое над гробот на Александар Македонски, има и во „Варлам“ на Метеори, што алудира дека е творение на истиот зограф, Никола.
Фреска на која е насликан Александар Велики со круна на главата има и во околината на Пустец, Албанија.
Известува: Марија Касовска