Свети Петар и Павле – Архиерејска Литургија во Прилеп

По повод христијанскиот празник „Св. апостоли Петар и Павле “ денеска во црковниот храм „Св Благовештение„ се одржа божествена литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско Пелагониски и Администратор Австралиско – Новозеландски Г.Петар, во сослужение со свештеништвото од прилепското архиерејско намесништво.

На Божествената Литургија, во свештенички чин беше ракоположен ѓаконот Благоја Трајкоски.

“Денеска е голем празник за нашата света црква, бидејќи Светите апостоли Петар и Павле, се врвни апостоли и со нивната вера, дух просветленост и посветеност на Бога треба да ни послужат како образец на нас верниците. Задоволство е што денеска имавме голем број верници кои беа дел од божествената литургија во храмот „Св Благовештение“ и што една третина од нив го носат името на Апостолите Петар и Павле, па токму во тој дух се гледа дека прилепчани одаваат достоинствена почит на светителите„ – рече Вадиката Петар.
Градоначалникот Марјан Ристески традиционално на овој празник беше дел од утринската литургија во чест на двата апостоли. Изразувајќи, ги своите желби за добро здравје, благосостојба и напредок, градоначалникот Ристески му го честита именденот на сите граѓани и на Владиката Петар и при тоа истакна.
“Овој голем христијански празник, меѓу народот познат како Петровден, со голема почит се слави во прилепските црковни храмови, а тоа дека е така потврдува бројната посетеност на црквите на овој ден од страна на верниците “

Инаку со денешниот христијанскиот празник Св. апостоли Петар и Павле, во народот познат и како Петровден, завршуваат и т.н петровденски пости, односно еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите.

6957-bozestvena-liturgija-za-petrovden-960x600-1 6957-bozestvena-liturgija-za-petrovden-960x600-3 6957-bozestvena-liturgija-za-petrovden-960x600-6 6957-bozestvena-liturgija-za-petrovden-960x600-9 6957-bozestvena-liturgija-za-petrovden-960x600-14

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА

Извор: http://www.prilep.gov.mk