На 03.07.2017 г., кога го празнувавме споменот на светиот Наум Охридски, Чудотворец, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во манастирот Свети Наум во Битола.
На Литургијата, со игуменски чин и право на носење Крст беше награден јеромонахот Авакум, настојател на манастирот на Светите Петар и Павле во Црнеец, Битола.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Величание
Те величаме, преподобен отче наш Науме, и го почитуваме твојот свет спомен, наставниче на монасите и собеседниче на ангелите.