На 02.06.2017 г., во предвечерието на саботата пред Духовден, посветена на поменот на сите упокоени во Господа, што во оваа година се совпадна со празнувањето на Светиот цар Константин и мајка му Елена, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Вечерна Богослужба во храмот Свети Константин и Елена во Битола.
Тропар на Светите Константин и Елена, глас 8-ми
Господи, откако го виде на небото знакот на Твојот Крст, слично на Павла, не од луѓе беше повикан Твојот апостол меѓу царевите; престолниот град во Твои раце го предаде, па по молитвите на Богородица, секогаш чувај го во мир, единствен Човекољубче.