Свети Кирил и Методиј – Архиерејска Литургија во Прилеп

На 24.05.2017 г., кога го празнуваме споменот на Светите рамноапостолни Кирил и Методиј, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот „Свети Кирил и Методиј“ (Параклис) во Прилеп. 

На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Егоизмот во повеќето случаи ни ги прави најголемите духовни штети, бидејќи е најживото и најопакото дете на гордоста. Природно, ако не постоеше тоа “јас” и доколку луѓето би го употребувале само она “ти”, “тој”, “оној”, ќе постоеше смирение, љубов и благослов Божји во светот, така што луѓето ќе живееја рајски уште на земјата. Милостивиот Бог нека го даде овој благослов на своите созданија. Амин.

Старец Паисиј Светогорец

P1420571 P1420604 P1420617 P1420664

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА