На 01.07.2017 г., во саботата од Четвртата Недела по Педесетница, во предвечерието кога ги празнуваме
Светиот апостол Јуда; Преподобен Паисиј Велики; Светиот маченик Зосим; Преподобен Јован Отшелник; Свети Јован Шангајски;, во храмот Света Троица (Руската црква) во Битола, се отслужи Празнична Вечерна богослужба, со Петтолебие.
На Вечерната чиноначалствуваше Архиерејскиот заменик, протоереј-ставрофор о. Никола Грамбозов, а сослужуваа старешината на црквата Пресвета Богородица, о. Зоран Димовски и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски. |
Кондак 9
Целата ангелска природа ја зарадува со влегувањето на душата твоја во небесната обител, а ние восхитувајќи се на земјата на чудата твои пројавени со дејството на Светиот Дух, му пееме на Бога: Алилуја!
Икос 9
Многуглаголивите говорници не можат да ја искажаат светата сила на животот твој, о праведен оче Јоване, светилиште на Бога неизречивиот. Гласно те прославуваме, о чудесно јавување Божјо во нашите маловерни времиња, коленичиме вака:
Радувај се, палато на Божествените заповеди!
Радувај се, мало и кревко обиталиште на ангелската обител!
Радувај се, лествицо со која лесно се качуваме на небесата!
Радувај се, исцелителу кој сите болести брзо ги лечиш!
Радувај се, тајна ризницо на молитвениот подвиг!
Радувај се светло украсен храму на Светиот Дух!
Радувај се Светителу оче наш Јоване, Чудотворче на последните времиња!
Величание
Те величаме Светителу оче Јоване и го почитуваме светиот спомен Твој, бидејќи ти се молиш за нас на Христос, нашиот Бог.