На 06.05.2017 г., кога го празнуваме споменот на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот посветен на Свети Георгиј во Ресен.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Тропар, глас четврти
-
Како ослободител на плениците,
-
и заштитник на сиромашните, лекар на немоќните,
-
помошник на владетелите, победоносецу,
-
великомаченику Георгие, моли Го Христа Бога
-
да ги спаси нашите души.