На 24.02.2017 година, на празникот на Свети Георгиј Кратовски, во храмот на свети Георгиј Кратовски во Кратово се богослужеше Света Златоустова архиерејска литургија на која чиноначалствуваше Високопреосветениот Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар во сослужение со Високопреосветените Митрополити Европски г. Пимен, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф. Верниот народ на литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
По завршувањето на Литургијата, на градскиот плоштад во Кратово беше осветен славскиот колач.
За несебичното залагање и афирмација на МПЦ-ОА, Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА го одликуваше градоначалникот на Општина Кратово, г. Мите Андоновски, со највисокото одликување во МПЦ-ОА, Орден на свети Климент Охридски од прв ред.
Преземено од: http://koe.mk