На 26.07.2017 г., се прослави споменот на светиот Архангел Гаврил во манастирот посветен на Светите Архангели во Довлеџик, Битола.
На Вечерната богослужба и на Божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.
На Литургија, Владиката во чин чтец го ракопроизведе Васко Жежовски.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.