На 28.05.2017 г., во Неделата на Светите Отци, кога го празнуваме споменот на светиот Ахил Преспански и Лариски, светиот Пахомиј Велики и новопрославениот светител Гаврил Велички, во храмот свети Георгиј Победоносец во Ресен беше отслужена Воскресна Литургија, на која чиноначалствуваше протоереј Михаил Матвеев.
На овој ден, петгодишен јубилеј од своето постоење одбележуваше и ресенскиот црковен хор Свети Ахил Преспански.
Подигнувајќи славски колач, го прославија споменот на светителот и го испросија неговиот благослов, и понатаму во песна да Му служат на Бога.
Бог да им подари здравје и спасение, и да ги удостои уште многу години да го слават Неговото име.