Светете.
И кога ќе останете сами,
и кога тоа изгледа како
единствена светлина во мракот.
Светете кога ќе бидете гонети,
кога тлото ви се губи под нозете,
кога сте притиснати до крај.
Кога сте лице во лице со
безобразното зло, светете.
А кога ќе ги покаже забите свои – повеќе!
Зашто темнината за миг ќе исчезне,
а со неа и злото, во незалезен ден.
Светете!
З. Д.