Нов филм на Ксенија Симонова „Света страница“ во спомен на Св. Ксенија Петербургска.
„Јас многу ја сакам света Ксенија, таа е мојата светителка – вели Симонова – бескрајно го почитувам нејзиниот подвиг, нејзиниот пат – чуден, за многумина неразбирлив. Се се случило ненадејно. Ксенија имала сакан сопруг, пари, дом – семејна среќа. Мажот ѝ- Андреј Фјодорович – ненадејно умрел, не успевајќи да се причести пред смртта. Тоа многу ја потресило Ксенија и таа примила врз себе подвиг на јуродивост – привидно безумство. Го раздала имотот и заминала да туѓинува по улиците на Петербург. Ја исмевале, навредувале – ја сметале за луда. А таа се молела за сите, бидејќи била сосема здрава, како што покажал разговорот со специјалната комисија, свиана по молба на роднините на Ксенија. Така таа го започнала својот не многу лесен Пат. Постепено луѓето почнале да ги забележуваат чудата – ние често не го гледаме чудесното… Таа имала дар да ја гледа иднината, им помагала на луѓето. Многу чуда направила при земниот живот, и уште повеќе чуда се случуваат по нејзините молитви, после завршувањето на земниот пат.
Уште од детството, баба ми ме научи дека покрај роденденот – на пролет, има прекрасен зимски ден – мојот именден. Се сеќавам, како одевме во црква. Тоа доживување на празникот – неземно-небесно. Јас имам многу добра светителка, и со радост ѝ се обраќам и добивам помош. Се надевам, мојот мал анимационен филм ќе помогне повеќе да се дознае за светителката, да се разбере нејзиниот пат и ќе ги израдува сите, кои го почитуваат нејзиниот спомен.
автор: Ксенија Симонова
музыка – Elena-Frolova-Monolog-Blazhennoy-Ksenii-Peterburgskoy