На 13.04.2017 г., во предвечерието на Велики Петок, кога си спомнуваме за спасителните страданија на Господ Исус Христос, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Утрена богослужба на која се читаат 12-те Страдални Евангелија, во соборниот храм Свети Димитриј во Битола.
За време на службата беше изнесен и Чесниот Крст на Распетието Христово на кој се поклони чесното свештенство и верниот народ.