Вистински интелигентниот човек се стреми кон една, единствена цел: да го почитува и да се приспособува на Бог, Кој е над сè. Со оваа единствена цел, тој ја дисциплинира својата душа, и што и да сретне тој по патот на неговиот живот, тој благодари на Бога за водството и длабочината на Неговото провидение за сите нешта. Зашто е апсурдно да се биде благодарен на докторите, кои ни даваат горчливи и непријатни лекови за да ги излечат нашите тела, а сепак да бидеме неблагодарни на Бог за она што ни изгледа сурово, не сфаќајќи дека сè што ние сретнуваме е за наша корист и во согласност со Неговата промисла. Зошто познавањето на Бог и верата во Него се спасението и усовршувањето на душата.
Св. Антониј Велики
Превод: Дамјан Божиновски