На 26.02.2017 г., во Сиропусната Недела пред Великиот пост, нeделата на простувањето, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Пресвета Богородица во Битола.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Прекорувајте се себеси. Да се укорите себеси не е тешко, а некои и тоа не го сакаат. Да поднесете укор од братот е потешко, а сам да се прекориш не е тешко. Но, доколку и се укоруваме, а не се бориме со страстите, јадеме колку сакаме, спиеме колку сакаме, таквото самоукорување е незаконско и не ни принесува полза.
Св. Варсануфиј Оптински