26 Јули: Собор на Св. Архангел Гаврил
Во заедничката светоотечка линија, целото создание (сè што постои) е икона на Троичниот Бог. Меѓутоа, во созданието постои еден таков редослед, за да учеството и резултатите во Божествените енергии на секој дел од созданието се различни (‘Ιωάννου Δαμασκηνοῦ, Έκδοσις ἀκριβής τῆς ορθόξου πίστεως 2, 4 PG 94, 868A). Фазите на создавањето започнуваат од светот на духовите. Тоа се умствените создадени битија кои догматската теологија ги нарекува ‘’ангели’’. Дефиницијата во Посланието кон Евреите на Свети Апостол Павле, ја изразува целта, но и функцијата на ангелите: «οὐχὶ πάντες εἰσὶ λειτουργικὰ πνεύματα εἰς διακονίαν ἀποστελλόμενα διὰ τοὺς μέλλοντας κληρονομεῖν σωτηρίαν» (Евр. 1, 14), што значи дека ангелите се функционални битија кои служат во делото на спасението. Се разбира оваа служба е во рамките на ерархиското вселенско тело. И ангелите се членови на ова тело. Ангелите се појавуваат и како чувари и тоа не само на секој човек пооделно, туку и на цели народи, читаме во Делата Апостолски 12, 15, но и во Стариот Завет кај пророкот Даниил, 10, 12-13. Православното предание ги чувствува ангелите близу животот на луѓето во сите нивни драматични животни случувања. Иако во Божествената икономија многупати се споменуваат ангели, нам ни се познати имињата на три архангели: Михаил, Рафаил и на Гавриил.
Дионисиј Ареопагит во списот ‘’За Небесната Ерархија’’ (Περί τῆς οὐρανίας ίεραρχίας 6, 1 PG 3, 200D-201A), од собраните информации од Светото Писмо, прави една систематизација и ги сместува ангелите во три тријади, правејќи девет ангелски чинови: 1) Престоли, Херувими и Серафими 2) Власти, Царства, Сили и 3) Ангели, Архангели и Почетоци. Според Дионисиј Ареопагит, делото на овие ангелски чинови е светлопренесувачко. Една секогаш движечка ерархија на ангели ја пренесува одозгора – надолу непрекинливата несоздадена енергија која ја генерира Троичниот Бог.
Така што, јавувањето на ангелите е во основа и Богојавување. Секое ангелско јавување или испраќање, какво што е испраќањето на архангелот Гаврил, е всушност органски израз на Богојавувањата, односно на самиот Бог.
(Извор: Фејсбук статус на м-р g)